Електронска адреса за пријавување на прекршување на правата на граѓаните за време на пописот

Народниот правобранител ги информира граѓаните дека активно ќе го следи процесот на спроведување на пописот, за целиот период на неговото времетраење од 1 март до 21 април.

За таа цел секој граѓанин кој смета дека му е прекршено некое право може да поднесе претставка по електронски пат на адресата contact@ombudsman.mk.

Народниот правобранител по поднесената претставка ќе ја спроведе потребната постапка и за исходот ќе го информира подносителот.