Електрична фузија на традиционална Балканска музика и џез во Јавна Соба

Уште еден во серијата концерти со слободен влез на одличен #џез состав од #Белград!

Овој пат ни доаѓа бенд кој е единствен со својот состав, односно е првиот кој има #вибрафон како водечки инструмент, придружен од бас гитара, тапани и гитара, Miloš Branisavljević Quartet. Можете да си #замислите како би звучела електрична фузија на традиционална Балканска музика и џез?

Овој џез квартет успешно го изведува тоа!

  • Влез: СЛОБОДЕН
  • Локација: Јавна Соба, 14 април
  • За резервација на барска маса јавете ни се на 078 250 554.