„Електрани на Северна Македонија“ ќе донира три милиони денари помош за Албанија

 „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) ќе донира три милиони денари помош за Албанија. Средствата ќе бидат уплатени на наменската сметка за помош отворена од Црвениот крст во земјава.

Одлуката да се донираат средства е донесена на посебна седница на Управниот одбор на компанијата.

Од ЕСМ денеска информираа дека генералниот директор Васко Ковачевски упатил писмо до директорот на државната „Албанска електроенергетска компанија“ (КЕШ), Бенет Беци во кое понудил помош и изразил сочувство за загинатите во земјотресот.