
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C, прогнозираат од УХРМ.
Од Министерството за здравство потсетуваат да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
- Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 20 до 24 јули 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C, алармираат од ресорното министерство од каде ги споделија општите препораки за заштита на населението од високи температури:
Министерството внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите, велат надлежните.