Екстра популарниот Томи Кеш викендов настапува во Штип

Традиционален летен фестивал, претходно познат како „Д Фестивал“, од годинава само како „The Festival“, стартува вечерва во Штип. 

Изведувачите се веќе најавени, а меѓу нив и овогодинешниот евровизиски претставник на Естонија „Томи Кеш“ кој стана екстра популарен со песната „Еспресо, макијато“. 

Томи Кеш, чие уметничко име е Томас Тамеметс, за кратко време стана особено популарен и на социјалните мрежи со кратките видеа, по контроверзниот евровизиски настап. 

Ќе настапат и Мизар, Дина Јашари, Сарс, Фолтин, Љубојна, Паркети и уште многу други. 

Билетите се по симболична цена од 150 денари и ќе бидат наменети за настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.