Експресно исчистен сметот на паркингот во Расадник

Исчистен сметот околу контејнерот на паркингот во Расадник.

Откако наши читатели реагираа за купиштата смет околу контејнер, пред помалку од еден час истиот бил исчистен. 

Сепак, без оглед на надлежностите на комуналните служби, совесноста е она што треба да преовлада кај граѓанинот, за да може да се одржи јавната чистота во населбите во градот.