Експолицаец осуден на пет години затвор за спектакуларниот грабеж на злато во Гостивар

Гостиварскиот суд го осуди поранешниот полицаец Ардијан Пињоли (38) од Кичево на пет години затвор за спектакуларниот грабеж во златарница во Гостивар во октомври минатата година. 

Според Основниот суд во Гостивар, Пињоли им помогнал на маскираните разбојници така што им го ставил на располагање службениот автомобил „шевролет спарк“, а претходно го онеспособил полициското радио.

Тој, заедно со уште неколку припадници на кичевската полиција, бил уапсен две недели по грабежот. Претходно, друг полицаец од Кичево, кој ја признал вината, добил казна од три и пол години затвор.

Грабежот се случил во октомври, кога вооружени и маскирани лица го блокирале патот пред гостиварска златарница и украле околу 18 килограми злато, проценето на вредност од 1,8 милиони евра.