Експлозија во подрум од зграда во Аеродром

На 20.10.2021 во 10:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подрум од зграда на улица „Методија Шаторов Шарло“ настанала експлозија при што Љ.С.(58) од село Љубанци, скопско, се здобил со повреди по телото.

Според пријавеното, експлозијата настанала додека Љ.С. и И.Ј.(49) сечеле метална конструкција. Увид извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.