Експлозија и пожар во стан во Карпош, нема повредени и загинати

Денеска околу 15 часот во стан во зграда во Карпош имало експлозија, по што избувнал пожар.

Од Бригадата за противпожарна заштита потврдија дека интервенирале со три противпожарни возила и 10 пожарникари.

Пожарот е локализиран, а засега нема повредени и загинати и наскоро се очекуваат повеќе детали од МВР.