Експертите откриваат зошто толку млади луѓе се самци

Една од главните причини зошто денес луѓето се почесто сами отколку во врска е фактот што едноставно не знаат да ја заведат другата страна. Ова го покажува новото истражување објавено во журналот „Personality and Individual Differences“. За да можат некого да привлечат треба да знаат да ги прочитаат сигналите за заинтересираност, но и да вложат време и труд, но тоа не го прават. 

Менелаос Апостолу, авторот на истражувањето од универзитет во Кипар, открил дека за тие луѓе навистина би сакале да пронајдат партнер, но не знаат како да го направат тоа, а во последната година, уште една препрека е пандемијата на КОВИД-19, која го зафати светот. Апостолоу претпоставил дека недостатокот на вештини на заведување и кокетирање, како и лошото препознавање на знаците за наклонетост, влијаат на процентот на самци, па за истражувањето пронашол 1228 мажи и жени кои во просек имале околу 30 години. 

Од 48% од учесниците кои биле самци, 47% рекле дека другата страна не знае да заведува, а само 23% рекле дека уживаат во слободниот живот и дека никој не им е потребен. 

Повеќето исто така признале дека едноставно не знаат како да разберат или да препознаат кога некому се допаѓаат, но и дека не знаат како да дадат знак, а авторот ги обвинува долгите години кои ги поминале сами, особено во последната година поради пандемијата.

Експериментот кој го спровел само ги потврдил неговите тврдења.