Експертите ја откриваат суровата вистина: Која е единствената причина поради која луѓето изневеруваат?

Изневерувањето во врската е една од најголемите причини за распаѓање на врските. Причините за паралелни врски или сексуални авантури зад грбот на партнерот можат да бидат разновидни, но најновата студија откри навистина шокантен податок кога станува збор за изневерувањето.

Имено, воспоставено е дека и мажите и жените почесто изневеруваат доколку нивниот партнер заработува повеќе и доколку е на подобра работна позиција.

Ова се покажало дека е главна причина во случаевите кога мажот ја издржувал жената, но и обратно, а експертите веруваат дека причината за тоа е чувството на пониска вредност, кое луѓето се обидуваат да го отстранат преку изневерување, затоа што така се чувствуваат надмоќни.

Социологот Кристин Мин објаснува: „Никој не сака да биде во врска во која се чувствува како губитник поради партнерот. Сите сакаат еднаквост во емотивните врски.“

Таа вели дека изневерувањето во тој случај е начин луѓето да направат дистанца од партнерот кој прави тие да се чувствуваат загрозено или помалку вредно.

Кристин Мин советува: „Најважно е да одберете партнер кој нема да се чувствува загрозено поради вашиот успех. Исто така, важно е и вие да не гледате нешто лошо во успехот на партнерот, туку да го поддржувате и да се радувате за него.“