Експерти и психолози се загрижени за последиците кои ќе ги остави пандемијата

Не се потребни многу зборови за објаснување на последниве две години, сите сме свесни што се случува. Но, несомнено е дека пандемијата ќе остави свој белег, но експертите се трудат да ги определат краткорочните, но и долгорочните последици. 

Оттуѓеност, страв, невработеност, смрт на блиски... сите овие фактори сигурно влијаат на нашата психа. Иако повеќе од нас едвај чекаат да заврши комшаров, бришењето на менталните трауми ќе потрае многу подолго. Ова се појавите околу кои експертите и психолозите се највеќе загрижени. 

Пораст на депресија и анксиозност

Според некои истражувања, симптомите на депресија кај луѓето за време на пандемијата се зголемиле од 8.5 на 27.8% од населението. Тие кои имаат помали плати се изложени на стрес околу работата и егзистенцијата и кажале дека се работи за огромен товар кој сигурно ќе влијае на менталните потешкотии во времињата кои следуваат. Покрај тоа, има зголемен пораст на луѓе со многу лоши мисли. Ако случајно ви се појават симптоми на депресија и анксиозност, обратете се кај стручно лице. 

Пореметувања во исхраната

Со оглед на тоа дека никој не знаеше (и уште не знаеме) кога ќе се врати животот во нормала, храната и сопствената слика во огледалото беа на умот на многумина. Робин Хорнстин, психолог и експерт за проблеми со исхраната рекол дека е забележителен порастот на луѓето кои имаат проблеми со исхраната, а фактот што цело време сме на онлајн состаноци и компјутерот, не ни помага јасно да ја видиме сликата од тоа како изгледаме, па луѓето почесто бараат мани во изгледот.

Силно влијание врз здравствените работници

Психологот Пол Грин од Њујорк се плаши од долготрајните последици врз здравствените работници. Тој вели: „Една работа која особено ме загрижува се токму тие луѓе и тешките одлуки кои морале да ги носат поради тоа што болниците беа преплавени со луѓе и целата промена во нивната работа. Тоа би можеле да дојде до пост-трауматски стрес поради можноста да се обвинуваат себеси.“ Највеќе се плаши за менталното здравје на луѓето во итната служба поради големиот број на неочекувани работи. 

Достапноста на терапијата

Се зголеми и бројот на телефонски линии кои се отворени за помош на луѓе со потешкотии, но за луѓето кои доживеале трауми тоа понекогаш не е доволно. Програмите за ментално здравје се полни, па тешко е за личност со проблеми да дојде на ред за разговор. Доктор Хорнстин препорачува во таков случај да се користат сите достапни ресурси, дури и онлајн работилници на тие теми.

Заситување во врските 

За време на карантините, паровите почнаа да поминуваат повеќе време заедно, а тоа беше одлична можност на виделина да излезат сите добри, но и слаби страни на врската, а кај некои парови дојде и до презаситување. Совет до сите оние кои така се чувствуваат е да направат малку простор кога можат да бидат сами, затоа што сите имаме потреба за мала одишка. Ако треба и излезете само да прошетате.