Експерименти се правеле врз луѓе - случајот „Жан Митрев“ ја крена јавноста

„Шок“ е мал збор за да се опише неверувањето од здравствената заштита во една од најскапите, најлуксузните и реномирани клиники во земјава - ова е еден од многуте коментари по вчерашната премиера на документарецот „Нечиста крв“ на ИРЛ. 

Јавноста од вчера ги споделува своите ставови, некои ги пренесуваат и искуствата со „Жан Митрев“, но сите се едногласни - истрага и одговорност мора да има за овој случај. 

Истражувањето го следи патот и методологијата на функционирање на еден од најскапо платените доктори во државата. Дали методот на хемофилтрација кој во клиниката на Жан Митрев се наплаќал од три до пет илјади евра бил одобрен за Ковид лекување и други контраверзни теми поврзани со сопственикот на клиниката можете да ги проследите во најновото истражување на ИРЛ. 

Ова се дел од бројните реакции на јавноста: