Експеримент во Градски парк во Скопје: „Јас сум ХИВ позитивен“ (видео)

Поради стравот од предрасуди, во Македонија ниту едно лице со ХИВ не го споделува јавно својот статус.

Здружението за поддршка на лица со ХИВ - ЗАЕДНО ПОСИЛНИ одлучи да истражи колку од овој страв е основан. Не преку формално истражување, туку преку метода која би била видлива за целата јавност – социјален експеримент.

Ги ставивме луѓето во Градски Парк во ситуација во која мислат дека имаат физички контакт со лице со ХИВ – млад дечко кој послужува кафе носеше маичка на која стои „Јас сум ХИВ позитивен“.

Уште повеќе, вклучивме и учесничка која глуми дека е дел од редицата која чека кафе и потенцира дека лице со ХИВ служи пијалаци.

Прашањето кое сакавме да го одговориме: Како ќе реагираат учесниците во ваква ситуација?

На наше големо задоволство, учесниците во целост го поддржаа нашиот шанкер и го одбранија од нападите упатени од глумицата, потенцирајќи дека ХИВ не се пренесува така и апелирајќи против предрасуди.

Сите учесници во експериментот се случајни минувачи. 

new nike air max 2019