Ексклузивен извадок од пробата на Андреа во Торино

На каналот на Евросонг е објавен краток извадок од втората проба на Андреа. 

Сама на сцената, со голема прецизност во своето пеење и со најмоќното оружје - нејзиниот глас, Андреа уште еднаш покажа дека иако е млада, умешно се носи со оваа голема одговорност. 

Таа ќе настапи во втората полуфинална вечер, следниот четврток.