Ексдиректорот на ЕСМ Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичен суд

Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ утрово со лисици на рацете беше спроведен во Кривичен суд. Тој е еден од 23-цата осомничени за криминал во Електрани на Македонија, во износ од 6,5 милиони евра.

Стефанов беше надвор од земјава кога се спроведуваше акцијата, а вчера беше приведен на граничниот премин Табановце.

Главниот осомничен Васко Ковачевски и натаму не е достапен за органите на прогонот. Ковачевски е се уште во бегство. Toj пред еден месец се откажал од македонското државјанство и земал друго, најверојатно српско државјанство.

Вчера премиерот Мицкоски кажа дека се надева на брза екстрадиција на Ковачевски.