Екс обвинителот Димоски со предупредување: Ќе следи блокада од Холандија!

Адвокатот и поранешен обвинител, Војо Димоски на својот фејсбук профил предупреди за уште една блокада на патот на земјава кон Европската Унија. Овој пат блокада поради нефункционалноста на правосудниот систем. 

- Непотребно ширите паника дека ќе ни се затворела вратата во ЕУ ако не прифатиме промена на уставот под диктат на Бугарија. Тоа е гола вода наспроти блокадата која (со полно право!) ќе следи од Холандија, а која ќе базира на руината од правосуден систем која овде се негува, пишува тој. 

- Не заборавивте белким на урнисаното и подјармено Обвинителство, изгубениот во Вселената персонал на судскиот и обвинителскиот совет, деградираниот Уставен суд... Ова бачило, вакво сирење дават! - порача тој во својот став објавен на фејсбук.