Екс градоначалникот на Центар врати 433.000 евра

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и поранешниот радоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, поради извршено криминално дејствие при изградба на пешачиот мост „Око“ на реката Вардар во Скопје, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.

Кривична пријава е поднесена и против поранешиот секретар на Општина Центар М.Т.  и Д.Р. вработен во секторот за градежно уредување во Општина Центар за несовесно работење во службата со што нанеле штета на Буџетот од над 433.000 евра. Од Финансиска полиција соопштија дека пријавените се согласиле да ја надоместат штетата во целост и дека веќе добиле потврда од Општина Центар дека пријавените ги вратиле паричните средства на сметка на општината на 30 јуни.

Директорот на управата, Арафат Муареми, рече дека другите предмети од проектот „Скопје 2014“ за кои е надлежна финансиска полиција се во предистражна постапка, а за мостот „Око“ целосно е завршена истрагата. Тој рече дека постојат сомневања за одлевање пари од земјава и за другите истраги од „Скопје 2014“.