Еколошка катастрофа во Хрватска, се излеаја 17 тони нафта кај островот Хвар

Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално, инцидентот се случил кога пукнал резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави „Далмација данас“.

Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот.

„Утрово, околу 9.30 часот, е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, Хрватската крајбрежна стража и припадници на Капетанијата на пристаништата се на местото на настанот. Покрај спроведувањето на постапката за санирање на штетите, ќе се спроведе и постапка за утврдување на сите факти и околности на настанот“, соопшти сплитската полиција.