Еколошка катастрофа се случува во Преспа, граѓаните бараат помош!

Наместо да пишуваме за убавите преспански и ресенски јаболки, денес отвораме теми која ги мачи граѓаните во овој дел од државата, но и сите нас. Станува збор за еколошка катастрофа која секојдневно зема поголеми размери.

Наместо вода, платформи на песочно дно. Ваква е состојбата со Преспанското езеро. Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии и бараат помош за еколошката катстрофа која се случува во Преспа. Езерото преживува и мора да се врати во форма, вакви апели тие пренесуваа преку социјалните мрежи.  На фотографиите се гледа дека ден по ден, езерото го сменува. 

Преспанското езеро кое се повеќе наликува на бара, го изгуби својот сјај. Со ова темпо доколку не се соединиме за негов спас ќе бидеме сведоци на исчезнувањето на еден бисер стар три милиони години. Активистите организирани преку социјалните мрежи побарале помош и став од надлежните институции, но од таму молчат. Никој ништо не презема за заштита на оваа природна убавина, реагираат тие. 

Граѓаните својата поддршка за зачувување на Преспанското езеро може да ја дадат со споделување на оваа објава или преку фејсбук страната Пријатели на Преспа