Екоцентар 97: Огласените количини опасен отпад во ОХИС се базирани на податоци стари над 20 години

Компанијата „Екоцентар 97” ДООЕЛ Скопје преку соопштение појаснува дека за проектот „Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС Скопје” била избрана за најповолен понудувач на распишан Јавен oглас за „Изведување на услугата за отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС – во стечај” со Решение донесено од Основен Суд 2 на 12.10.2018 година.

„Проектот опфаќа третман на 11 различни видови опасен отпад кои беа лоцирани во кругот на фабриката АД ОХИС – во стечај, складирани во дотраени и оштетени садови повеќе од 20 години. Дополнително, количините објавени во Јавниот oглас се базирани на информации кои датираат пред повеќе од 20 години, односно, пред објавување на Јавниот Оглас не биле извршени мерења за конкретно утврдување на хемиските супстанци и настанати соединенија со текот на годините, како и евиденција со точни количини“, наведуваат од компанијата.

При тоа посочуваат дека согласно увидот што го направиле бил изготвен Инвентар на хемиските материи/отпад по методологија на: претпоставени количини врз основа на декларирана количина истакната на постоечките пакувањa на хемикалиите/отпадот и на димензиите на садовите и резервоарите во кои тие биле складирани. izvor>plusinfo.mk

Giftofvision - Sneakers search engine | Nike React Element 87