Екипите се на терен - Дали има настрадани во пожарот во старечкиот дом во Кавадарци?

Регионалниот центар за управување со кризи - Велес известува дека се интервенира на  пожарот во старечки дом во село Чемерско.

На терен интервенираат ТППЕ Кавадарци со 12 пожарникари и 3 противпожарни возила и едно возило за прва помош, МВР ОВР Кавадарци со 7 полицајци, 2 возила на Итна медицинска помош и два минибуси на ЈП „Градски Превоз“ Кавадарци за транспорт на лицата.

Првични податоци е дека нема настрадани лица, а од сместените лица во домот 5 се неподвижни, информираа од ЦУК. 

Градоначалникот на општина Кавадарци ќе оствари комуникација со Итна медицинска помош Неготино за да испратат едно возило на испомош.

Се планира лицата да бидат транспортирани во општа Болница Кавадарци.