Екипите на „Паркови и зеленило“ и денеска на терен: Континуирано се чистат зеленилото и парковите во градот

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје споделија дека и денеска се на терен и континуирано ги чистат зелените површини на градот.

„Со интензивна работа на терен продолжуваме и денес, континуирано спроведувајќи повеќе активности насочени кон чистење на површините низ булеварското зеленило и парковите во сите општини на градот“, велат од јавното претпријатие во објавата на Фејсбук, додавајќи дека собирале лисја, хартија и друг ситен отпад, како и товарање на собраната маса.

Од „Паркови и зеленило“ порачуваат дека нивната цел е создавање почиста, поуредна и попријатна животна средина за сите граѓани, а нивните оперативни екипи секојдневно се на терен и го даваат својот максимум.