Екипи на градска чистота на големо го уредуваат и чистат градот - Скопје во следните неколку дена ќе биде домаќин на високи гости од Европа

Скопје не дозволува да биде посрамотено. Во наредните неколку во главниот град ќе дојдат знајачни гости од Европа, па по тој повод, надлежните се фатија за работа, повеќе од вообичаеното. 

Полиција има на секоја страна. Надлежните екипи од градската чистота, покажуваат дека можат да чистат и да уредуваат, кога ни доаѓаат гости. 

Синоќа дојде првиот човек на НАТО, утре пристигнува австрискиот канцелар Курц, а веќе во сабота државата ќе ја удостои владателката со Европа Ангела Меркел.

Оваа посета се должи, по повод референдумот, кој ќе се одржи на 30 септември.