Еј, мислам дека те сакам!

Ми се допаѓа неговото лице. Ми се допаѓа тоа како се чувствувам поради него и зборовите кои ми ги кажува. Тој е паметен, тој постојано ме учи на нешто ново и ми се допаѓа тоа што верува во мене.

Ми се допаѓа дури и тоа каков е кога се однесува будалесто и детинесто. Ми се допаѓа кога ме задева, дури и кога се преправам дека воопшто не ми се допаѓа.

Ми се допаѓа кога ме бакнува и ги става неговите раце на мене и тоа што ме прифаќа каква што сум.

Тој се грижи за мене и секогаш ми ги дава најдобрите совети. Тој ме смее и ги прифаќа моите маани.

Кога зборувам, тој навистина ме слуша. И кога ми кажува дека сум убава, навистина му верувам. Тој е љубезен и воспитан.

Тој е дечко со чувствителна страна. И најважно од се, не ме лаже. Тој е навистина искрен до болка!

Тој е неверојатен и е мој, а тоа најлудиот дел од сето ова.

Секој ден сум благодарна што го послушав кога ми рече дека ќе се каам ако не му дадам шанса, затоа што знам дека ќе се каев. А и тој ќе се каеше.

Без оглед на тоа дали можебе да бидем заедно или сме раздалечени со километри и планети, моите чувства си остануваат исти.

И се извинувам, но не можам да забавам или да го повлечам тоа назад, дури и во деновите кога мислам дека сме најлудите луѓе на светот.

Верувајте ми, не е толку едноставно и далеку е од совршено. Но, наше е!

Всушност, не ми е грижа дали тој е подготвен или се чувствува исто како мене, но искрено се надевам дека и тој го чувствува истото.

И, така некако, ама го сакам.

Ете, го кажав тоа на глас!