Ех да ми е овој памет, а да ги имам оние години...

Ако имате можност да се сретнете со себеси од периодот кога сте имале 20 или 30 години, што би си кажале? Каква порака би испратиле? Најверојатно нешто од типот: „Не се грижи, на крајот работите ќе излезат добро“ или „Престани толку многу да се замараш со неважни работи.“

Кога бевме млади, наивни и тврдоглави, можеби имавме моменти кога се боревме сами со себе, но надминување на таквите моменти и ситуации е составен дел од животот. Нашите 20-ти, а и 30-ти години беа времиња кога имавме многу искушенија, грешки и лоши избори, но ако малку подобро ги разгледаме, ќе сфатиме дека од нив можеме да научиме вредни лекции. 

Како што старееме стануваме помудри. Секоја година и нова деценија носи повеќе знаење, но и подлабоки размислувања за тоа кои сме и за што сме способни. Доколку се борите со тоа да ја разберете поголемата слика и да сфатите зошто минувате низ она низ кое минувате, убедете со мислите да се вратите во 20-тите или 30-тите години и ќе се инспирирате од некои од научените лекции. 

Следните неколку работи најверојатно би ги кажале на својата 20-годишна (или 30-годишна) верзија:

Работите не се секогаш такви какви што изгледаат. Со текот на времето работите ќе бидат подобри.

Си имал(а) пријатели и семејство пред да најдеш љубов и да бидеш во врска. Немој да ги игнорираш. 

Налети на инспирација се дел од твоите идни планови и цели. Немој да ги игнорираш. 

Сè е поврзано. Ок е да се ослободиш и оставиш. Ќе се врати ако е судено. 

Кога ќе сфатиш дека е потребно да кренеш раце од она што повеќе не функционира, ќе создадеш повеќе простор за работите кои функционираат.

Никогаш нема да се чувствуваш целосно подготвено. Но, поподготвен(а) си отколку што мислиш, инаку не би се создала можноста која е пред тебе. 

Не си го мрази телото. Еден ден ќе погледнеш назад и ќе сфатиш колку си бил(а) убав(а).

Имаш многу повеќе сила отколку што мислиш и можеш да ги издржиш сите тешки моменти. 

Она низ кое поминуваш е дел од твојата животна приказна.

Кога имаш чувство дека нешто не е во ред, тогаш нешто не е во ред. Секогаш верувај им на своите инстинкти. 

Искуството е награда. Уживај повеќе во она што се случува наместо да трчаш по нешто следно. 

Патувањата се одличен начин да учиш. Патувај и истражувај секогаш кога можеш. 

Сè што се случува се случува ЗА тебе, а не НА тебе. 

Посвети внимание на тоа како навистина се чувствуваш. Чувствата секогаш ќе ти го покажат вистинскиот пат. 

Сосема е во ред да не ги знаеш сите одговори. Попатно ќе учиш. 

Животот е постојана рамнотежа на задржување и отпуштање. 

Колку побрзо се ослободиш од она што не ти носи добро, толку побрзо ќе најдеш среќа.

Твојата среќа не е некое магично место каде треба да пристигнеш. Тоа е избор кој го правиш секој миг. 

Колку повеќе се сакаш себеси, толку помалку ќе ти биде гајле за другите. 

Воопшто не е важно колку имаш, туку колку уживаш. Тоа е вистинска среќа.