Егзодус на младите од Македонија: За еден ден над 650 луѓе заминале во Хрватска

Работата во туристичките места во Хрватска станува сè попривлечна за младите луѓе во Македонија, па така само во неделата дури 13 автобуси, односно над 650 лица заминале на печалба, објави „Слободен печат“.

Работодавците во Хрватска нудат плати во зависност од квалификациите, а истите се примамливи за дел од македонските државјани.

На хрватските сајтови може да се забележи дека келнери и шанкери добиваат плати по 900 евра плус бакшиш, помошниците околу 800 евра плус бакшиш, додека платите на готвачите достигнуваат и до 2.000 евра, а собарките земаат плата од 750 евра.