Едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ во „Паркот на бранителите“ во Драчево

Денес во „Паркот на бранителите“ во Драчево се одржа важна едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, која ја организиравме во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска истакна особено ѝ било драго што токму со овој настан го означувале почетокот на кампањата „Розев Октомври“.

„Кампањата стартуваше токму од нашата општина, а ќе заврши со голем РОЗЕВ ПИКНИК на Школка во Градскиот парк на 4 Октомври. На трибината свое излагање имаа Наташа Бабулова, членка на „ХЕМА-ОНКО“, специјалист д-р Албина Чресловник Пупакоски од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, Билјана Божиновска, доцент д-р радиолог на ГОБ „8 Септември“, и Јасмина Јовческа, медицинска сестра од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија“, посочи Стаменкоска Трајкоска.

Присутните имаа можност да слушнат корисни совети од врвни специјалисти кои работат во оваа област, но и силно лично искуство од членка на „ХЕМА-ОНКО“, која ја сподели својата борба со болеста.

Стаменкоска Трајкоска исто така нагласи дека нивната цел е да ја подигнат јавната свест, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се од исклучително значење во борбата за животот.

„Ги охрабрувам сите граѓани да се грижат за своето здравје и редовно да прават прегледи. Во оваа борба никој не е сам, а Општина Кисела Вода останува силен партнер и поддржувач на секоја иницијатива која значи живот и здраво општество“, порача градоначалничката.