Едукативна работилница во Бутел - основците учеа за начините за штедење на електрична енергија

Денес заедно со учениците од ООУ „Живко Брајковски“, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, одржа едукативна работилница за еден од најголемите проблеми - електричната енергија и нејзиното штедење.

Костовски истакна дека тие разговарале за начините за штедење и користење на електричната енергија и како тие начини да станат дел од нивното однесување.

-Преку интерактивни методи за настава и надгелдни средства, учениците за време на работилницата имаа прилика да научат за изворите и видовите енергија што се користат во домовите и нивното секојдневие и за тоа како безбедно и разумно да ја користат. Со ова тие ја увидуваат потребата од штедење и ги учат различните начини за заштеда на енергијата.Од страна на учениците беа изготвени неколку упатства и пораки како полесно да штедиме, а на граѓаните им беа поделени неколку штедливи сијалици. Општина Бутел во изминатиот период со низа мерки пристапи кон штедење на електричната енергија - потенцираше Костовски.