Едукативен концерт „Генијалноста на семејството Бах“ во КИЦ

Во Културно-информативниот центар – Скопје денеска ќе се одржи едукативен концерт „Генијалноста на семејството Бах“.

– Генијалноста на семејството Бах, за нас уметниците и публиката навистина е важно да се објасни генијалноста на ова неверојатно генијално семејство. Таткото Јохан Себастијан Бах ја развил хармонијата, тоналитетите и контрапунктот на највисоко можно ниво кое е актуелно и денес, а неговите синови ја потстрекнале музиката во нов правец и нова ера – Класицизмот, во сите негови форми. Заедно развиле музички јазик кој влијаел нa сите компзитори подоцна, без кој секако класичната музика би се развила на сосема друг начин од онаа каква што ја познаваме денес, информираат од КИЦ – Скопје.

Посочуваат дека низ текст, слајдови и музика ќе се доловува историјата на семејството Бах со изведба на фрагменти од неколку значајни и познати камерни дела, како Die Kunst der Fuge, Erbarme mich (Matheus passion), и неколку несекојдневни сонати кои ретко можат да се најдат во репертоарот на подиумите во светот и кај нас, и кои со својата уникатност и убавина го илустрираат периодот од Барокот до доцниот Класицизам.