Едното во училиште, другото во градинка, во 50 квадрати со свекор и свекрва

-Сите ми се чудат па како можеш да живееш во 50 квадрати со две деца, свекор и свекрва. Да можам, да тешко е, но во мометов некои работи не може да се изменат. Едното во училиште другото во градинка, во една соба. Играчки шкафови...тоа е гледката. Насабајле веќе секој си го има научено редот кој кога оди, за итни случаеви се отстапува место. Ручек правам јас, свекорот пазари, свекрвата е болна. Прво си ручаат постарите па ние младите кој кога ќе се прибере. Тешко е се нема простор, мир, но ние сме една сложна фамилија каде секој тежок момент го поминуваме заедно низ смеа и шега, вели скопјанката Бети од Ново Лисиче.

Младите сепак, имаат поделени мислења, и покрај тоа што поголемиот дел од нив сакаат свој, самостоен живот. Некој на животот во заедница гледа како привилегија, а некој како хендикеп.

-И ние живееме во заедница. За нас е апсолутна привилегија (делиме сметки, секој втор ден шетаме, биејќи свекрва ми ја чува малата, често пати знаеме и да заглавиме до покасно бидејќи на свекрва ми спалната и е еден спрат подоле - не е страшно во кое време и да се симне ќе продолжи да си спие, имаме разбирање околу бука и галама и сл.), но само затоа што имаме разбирање и добра комуникација. Дали ќе биде хендикеп или привилегија сметам дека зависи од самите луѓе и взаемниот однос, вели Билјана од Припор.

Повеќет малди кои имаат обезбедено место за живеење сметаат дека сам е најубаво.

- Сам, според мене е најубаво, не сум тип кој може да трпи се и сешто, од карактери до навики. Доволно сум си комплицирана самата, па не ми треба свекор или свекрва да ми додаваат интриги во животов. Поготово што моите свекор и свекрва се стари и немоќни, би требала и нив да ги чувам. За чување бебе, ене кај се, кога сакам можам да ги викнам, вели Наталија од Тафталиџе.

- Ние живееме посебно, уште пред да направиме свадба се одделивме, и не знам затоа што немам никаква помош, понекогаш викам можеби во заедница е поубаво, ама па кога ги гледам тие комшиките стално кукаат од свекрви си се тешам подобро што сум сама, вели Анета од Аеродром.