Едноставно правило кое ќе ви промени животот од корен!

Колку пати досега сте имале можност да пристапите некому и да се обратите, без оглед на тоа дали се работи за личност која ви се допаѓа, потенцијален нов пријател на забава или некој кој работи во вашата бранша и едноставно сте решиле сепак да не им пристапите на тие личности?

На повеќето луѓе им се случило ова и најчесто потоа се каат што не им пристапиле. И сето тоа само затоа што биле презагрижени дека ќе добијат негативен одговор. Но, можеби одговорот ќе бил позитивен?

Кога носиме одлуки, нашите умови не се програмирани да го земат предвид најдобриот исход. Наместо тоа, нашите инстинкти за преживување надвладуваат и ние автоматски размислуваме за ризиците и потоа ја одбираме најбезбедната варијанта за нас.

Како да ја надминеме оваа умствена бариера?

Одговорот е едноставен: ова дејство дека не биде одлука.

Наместо одлука, свртете се кон правилото од три секунди.

Прва секунда: Воспоставете контакт со очи.
Втора секунда: Пристапете и на личноста.
Трета секунда: Започнете разговор.

Тоа е тоа. Дајте си себеси само три секунди.

Кога имаме само три секунди, не си даваме време премногу да ги анализираме работите. Во тој случај, на мозокот му е полесно да дејствува.

Првите неколку пати ќе се чувствувате неудобно, особено ако не сте го правеле претходно тоа. Но, по малку вежбање, ќе сфатите дека:

Како и вие, така и другите луѓе живеат во своите глави и се грижат, па така нема да паметат доколку сте малку чудни во првиот миг кога ќе им пристапите.

Полека го губите стравот од зборување со нови луѓе, затоа што сфаќате дека одбивањето и не е толку лошо – ако некој не е заинтересиран, секогаш можете да најдете друго друштво за разговор.

На почеток, ако мислите дека немате што да кажете, едноставно кажете: „Здраво“. Како што ќе напредувате, така ќе бидете и покреативни во вашиот пристап. Ако имате среќа, ќе почнете да градите значајни односи со луѓето и ако ништо друго, ќе надминете еден сосема нерационален страв.