Едноставно е, не сакам повеќе да ги правам овие работи...

Како што стареам, како што си минуваат годините, сѐ помалку имам трпение за овие работи...

Не сакам да филозофирам за една тема, да зборувам цело време за една личност, за една случка, и тоа го правам неколкупати дневно, само за да се зборува за нешто.

Не сакам лажно да им кажувам на другите колку добро изгледаат, за некој друг лажно да ми возврати на комплиментот.

Не сакам цело време да им бидам психолог на луѓето кои и самите не сакаат помош, но затоа сакаат внимание.

Не сакам да работам работи за кои морам да молам.

Не сакам да правам работи кои прават да чувствувам грчеви во желудникот.

Не сакам да форсирам односи кои одамна се избледени.

Не сакам да им премолчувам на луѓето кои само сакаат да ме навредат или омаловажат.

Не сакам да поставувам прашања чии одговори воопшто не ме интересираат, само заради пристојност.

Не сакам да поминувам време со луѓе од кои извира отров, кои шират отров околу себе и кои се хранат од отров.

Не ми е дојдено до тоа да се преправам да сум добро, ако не сум добро. Понекогаш е океј да не бидеш океј.

Не сакам да ги правам овие работи, а и не морам. Во животов морав да правам многу работи. Не повеќе.