Едноставни навики кои ќе го подобрат вашето здравје во текот на зимата

Сите ние ја почнуваме новата година со цели за подобро здравје, љубов и повеќе финансии, но брзо забораваме на поставените цели. 

Photo by Гоар Авдалян on Unsplash

Кога станува збор за здравјето, не зборуваме за финансиски вложувања, туку за време и напор кои се навистина потребни за да осигураме добро здравје и долговечност.

Истражувањата секогаш покажуваат дека не ни се потребни големи промени или напори за да си овозможиме добро физичко и ментално здравје, туку трикот е во добри навики кои ќе ги применуваме на дневно ниво. 

Овие навики се многу лесно, а тие ќе ви помогнат да го подобрите своето здравје и да ја забележите разликата.

Чаша вода наутро

Сите ние посегнуваме по кафето наутро и тоа е сосема во ред, но прво нешто што треба да направиме е да се напиеме чаша вода, а потоа да го започнеме денот. Тоа го буди метаболизмот и му јавува на нашиот организам дека сме будни и освежени. 

Додадете зеленчук

Не заборавајте на редовното консумирање зеленчук дури и во текот на зимата. Не морате да купувате скап зеленчук, туку доволно е да јадете зелка, зелена салата, туршија или пак брокули. Пробајте да го внесете во различни оброци – во вашите супи, салати и секој оброк кој го припремате бидејќи зеленчукот е богат со витамини и минерали кои ни се потребни за добро здравје.

Движете се барем 10 минути дневно

Не морате да вежбате многу, особено ако ви е студено и не ви се излегува од дома. Но, внесете мала навика да се раздвижите особено во вечерните часови, кога прво нешто што ви доаѓа на ум е да легнете пред телевизорот. Освен тоа, користете ги скалите наместо лифтот и потрудете се почесто да се движите иако можеби зимата не ви е омилена за оваа активност.

Истегнете се

Можеби истегнувањето го сметате за вежбање, но тука зборуваме за истегнување на вратот и мускулите по долгиот и напорен ден или пак наутро, пред почетокот на сите обврски. Тоа не мора да е долго истегнување, но е важно за поттикнување на лачењето на серотонинот што ќе ви даде добро расположение и енергија.

Планирајте

Искористете го неделното попладне за да ги испланирате своите оброци, движењето во текот на неделата и сите оние навики кои би ви помогнале да се чувствувате поздраво.