Иако физичката активност е многу важен дел од здравиот начин на живеење, сепак за многу луѓе, тоа е невозможно поради многуте обврски. Добрите вести се дека постојат начини да го поттикнете метаболизмот, дури и без физичка активност.

Ова се неколку начини за тоа.

Испијте 2 чаши вода штом се разбудите

Водата е одличен начин за почнување на денот и будење на умот и телото. Тоа помага за поттикнување на крвотокот, што придонесува за забрзување на метаболизмот. Таа е една од најважните состојки во нашето тело и е неопходна за одржување на добро здравје и добросостојба. Сепак, за жал многу луѓе забораваат на тоа и имаат проблем со дехидратацијата.

Без водата, метаболизмот се соочува со проблеми за нормално функционирање.

Истегнувајте се во текот на денот

Доколку имате работа која бара долго седење, една од работите кои не смеете да ги заборавите е редовното истегнување. Не зборуваме за физичка активност или прошетки, туку едноставно растегнување на деловите од вашето тело барем на 30 секунди, неколку пати во денот.

Тоа ќе ви помогне да ги растегнете мускулите и ќе го забрза вашиот метаболизам.

Туширајте се со топла и ладна вода, наизменично

Најдобро е да го започнете денот со контраст туш – односно да се туширате со топла вода околу 2-3 минути, а потоа да смените на студена вода околу 30-45 секунди. Иако тоа не е најпријатно за вашето тело, сепак и помага на цуркулацијата на нашето тело. Тоа пак, придонесува и за зголемена енергија и подобрен метаболизам во текот на денот.

Спијте доволно

Недоволниот сон е еден од најголемите предизвикувачи на проблемите во метаболизмот. Нашето тело е како машина на која и е потребно да одмори, а спиењето е најдобар начин за тоа, вели Шана Израел, експерт за здраво живеење од САД.

Јадете зачинета храна

Зачинетата и лута храна е одличен начин за намалување на проблемот со прекумерната тежина и подобрување на метаболизмот. Таа го подобрува варењето, циркулацијата на крвта и ги зголемува нивоата на енергија. Ваквите зачини исто така содржат и големи колични витамин Ц и А, и важни минерали.

Јадете целер

Експертите за здрава храна често истакнуваат дека потребни се повеќе калории за да се свари целерот отколку што тој самиот содржи. За пример, една шолја целер содржи само 6 калории, но на телото му се потребни 7 калории за да го процесира целерот.

Користете цимет во исхраната

Циметот е одличен зачин кој го придвижува нашиот метаболизам. Тој исто така е добар за одржување на нивоата на енергија во текот на денот, бидејќи не прави штета на шеќерот во крвта. Исто така, циметот помага и за болките во стомакот, мачнините и повраќањето.

Додадете го во вашиот утрински чај или кафе, но и во храната која ја конзумирате.

Јадете лук

Иако голем дел од луѓето го избегнуваат поради неговиот силен мирис, лукот е еден од најмоќните зеленчуци за поттикнување на метаболизмот. Тој исто така помага и за подобрување на нашиот имунолошки систем и помага за намалување на крвните згрутчувања.

Пијте зелен чај

Зелениот чај содржи многу моќни состојки кои имаат позитивно влијание на метаболизмот. Истражувањата покажуваат дека тој помага за забрзување на метаболизмот и намалување на телесната тежина. Доколку го пиете наутро, можете да го прескокнете кафето и преку него да ја добиете потребната количина кофеин, кој исто така е добар за поттикнување на работата на организмот.

Пијте јогурт

Протеините и калциумот кои ги содржи јогуртот се голем сојузник на метаболизмот. Сепак, треба да знаете дека грчкиот јогурт содржи двојно повеќе протеини од обичниот и е одличен извор на калциум.