Кога станува збор за обликувањето на долниот дел од телото, многумина од нас се мачат со различни вежби.
Но, постои една едноставна вежба која дава сјајни резултати. Тоа е седењето до ѕид. Сепак, ефектите зависат од правилното изведување на вежбата, што подразбира право седење и спојување на грбот со ѕидот, а колената да се свиени под агол од 90 степени, во седечка положба. Рацете потребно е да ги држите до ѕидот, или пак на своите колкови.
Летен предизвик
Звучи напорно и не велиме дека е лесно, но со тек на време ќе успеете да го постигнете тоа, а и да го зголемите времетраењето на вежбата.