Едноставен тест кој ќе ви открие колкава е вашата емоционална интелигенција

За многумина од нас, негативните емоции оставаат стрес, нервоза, вознемиреност, тага и збунетост. Исто така, често носиме одлуки на различен начин, па во некои случаи воопшто не размислуваме за последиците.

Луѓето со висока интелигенција имаат способност мирно  и соодветно да ги анализираат различните ситуации и проблеми со кои се соочуваат, успевајќи притоа да не создадат поголеми проблеми.

Ова се едноставни прашања кои ќе ви покажат колкава е вашата емоционална интелигенција.

Дали анализирате и мирно реагирате, наместо веднаш импулсивно да реагирате на луѓето и ситуациите?

Луѓето со емоционална интелигенција анализираат и не реагираат веднаш. Во исто време тие често отстапуваат од ситуациите во кои другата личност вреска,зборува гласно и делува нерационално. На тој начин, тие си создаваат себеси простор за донесување вистинска одлука и на тој начин го решаваат проблемот со кој се соочуваат.

Дали можете да ја избегнете драмата во одредена ситуација?

Личноста која има висока емоционална интелигенција во конфликтни ситуации се однесува на мирен начин, обидувајќи се да ја сфати суштината на ситуацијата и бара од другите да ги споделат своите размислувања. Како резултат на тоа, се јавува конструктивна дискусија, а не драма.

Дали сакате проблемот да го разгледате од различни страни, наместо да делувате веднаш?

Луѓето со развиена емоционална интелигенција никогаш не го сфаќаат проблемот директно, ниту пак лично, туку се трудат ситуацијата да ја разгледаат од повеќе агли. Така, тие пообјективно и пристапуваат на самата ситуација и добиваат информации, наместо да делуваат веднаш.

Дали се трудите да ги контролирате своите емоции?

Самоконтролата е нешто со што располагаат некои луѓе и таа е многу моќна алатка во нашето живеење. Прашањето е дали можете да се потрудите да се контролирате себеси како реагирате во одредена ситуација за да ја остварите својата цел?

Самоконтролата ни помага да бидеме тука и сега, а не да ги расфрламе своите мисли наоколу. Исто така, на тој начин успевате да не го изгубите здравиот разум и да се соочите и со најстресните ситуации.

Дали сте навистина оптимистични и позитивни?

Луѓето со висока емоционална интелигенција се позитивни мислители кои не дозволуваат токсичните луѓе да ја украдат нивната енергија. Тие не се опседнуваат со политика или со кризни ситуации постојано. Тие не веруваат слепо во нешто и не се опседнуваат со работите кои ги слушаат од другите луѓе.

Емоционалната интелигенција е многу корисна работа. Со нејзина помош, успеваме појасно да комуницираме со другите, да ги решаваме проблемите и да оствариме успех.