Едноставен додаток за чорби или салати: Домашни кубети

Стариот леб не го фрлајте, можете да го искористите за да направите домашни кубети – ситни мали коцки леб кои во комбинација со зачини ќе ги претворите во фантастични грицки или додаток за некоја чорба или салата.

СОСТОЈКИ:

стар леб

сув зачин

маслиново масло

црвена пипер

сусам

лута пипер

оригано

лук

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Лебот исечкајте го на ситни коцки, додајте маслиново масло и зачини по желба, добро измешајте и распоредете на плех. 

Печете околу 30 минути на 150 степени.