Едноипол годишно дете од Радовиш донесено на Итна помош, најверојатно испило таблета

Вчера во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едноипол годишно дете од Радовиш кое најверојатно испило таблета.

„На 07.09.2025 во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едноипол годишно дете од Радовиш, кое, според пријавеното од страна на неговиот татко, околу 17:00 часот во семејната куќа најверојатно испило таблета, се наведува во полицискиот билтен.

Детето е пренесено во Клиничката болница Штип и укажана му е медицинска помош.