Едногласно донесен буџетот на Кисела Вода

Градоначалникот на општина Кислеа Вода, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави дека едногласно бил донесен Буџетот на општината. Тој посочи дека овој буџет ги задоволува потребите на граѓаните и е плод на нивната директна соработка преку буџетските форуми под слоганот ,,Мојот народ одлучува, буџет 2025”.

Фокусот на буџетот се капиталните инвестиции, за кои се издвоени рекордни 447,7 милиони денари во основниот и 471 милион денари во консолидираниот буџет. Средствата ќе бидат наменети за приоритетни области, како што се:

- патна инфраструктура и подземни решенија , урбана опрема и реконструкција на салата „Расадник“,

- изградба и доградба на училишта и градинки, инвестиции во животната средина

Дополнително, се предвидуваат рекордни субвенции и финансиска помош од 52 милиони денари за граѓаните, како и нови субвенции за пензионери и матуранти.

Овој буџет покажува дека заедно можеме да ги решиме најголемите предизвици и дека најдоброто допрва доаѓа. Благодарам на сите советници, чест е да се работи со ваков тим. Едногласното донесување на Буџетот, кое верувам дека е меѓу првите во Македонија, е јасен показател дека сме на добар пат“, напиша Ѓорѓиевски.