Еднодневно капење во Грција, хит меѓу Македонците

Многу агенции низ земјава организираат тури за еднодневно капење во Грција. За само 500 или 600 денари можете да отпатуваат до блиските плажи во Грција, а вечерта да си преспиете во својот кревет.

Една скопска агенција организира еднодневно капење во Неа Врасна, Сани бич, Неа Потидеа, Калитеа, Полихроно  за 1.250 денари. Со допплата од 100 денари се добива и лежалка и пијалок. Исто така има и пауза од 30 минути за Free Shop .Ако уплатите седум дена однапред, агенцијата дава и попуст, односно цената така е 990 денари.

-За еден ден поминат на море во Sani beach, Грција, се нуди, релаксација и максимално опуштање подалеку од секојдневниот стрес , се поаѓа во 04:00 часот по полноќ и се патува во високо туристички климатизирани автобуси или мини бус.Пристигнувањето е планирано околу 09:00 часто. На плажа се останува до 19:00 часот. Потоа групата се враќа за Македонија, велат од агенцијата.

Од туристички агенции велат дека тоа на големо го користат граѓаните кои не можат да си дозволат класичен одмор.

 „ Јас одам веќе неколку пати зашто вака ми е поевтино.Лежалка со кафе е три евра, гиро е 2,5 евра,со оваа можност шетам на различни места во Грција, вели скопјанката Ана.