Едно заборавено катче во Аеродром ќе блесне во ново детско игралиште

Се врши реконструкција на заборавеното детско игралиште во близина на Стара Стела во општина Аеродром. 

Продолжуваме активно да работиме на обновување на детските игралишта, порачаа од општината. 

Игралиштето се изведува според сите пропишани стандарди, има нова подлога и современа опрема за забава и рекреација на нашите најмили.

-Во изминатиот период и во наредните неколку недели, се заложивме да ги завршиме и пуштиме во употреба повеќе детски катчиња низ општината, како и неколку спортски игралишта за рекреација на сите категории на граѓани. Децата се нашето најголемо богатство, а токму затоа правиме сѐ за да им го направиме поубаво нивното безгрижно детство!, велат надлежните до оваа скопска општина.