Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Велес - Градско

Сообраќајна несреќа се случи синоќа, пред полноќ на патниот правец Велес - Градско. Во несреќата учествувале две патнички моторни возило, првото со велешки и второто со кумановски регистарски таблички.

Во несреќата на лице место починал возачот на возилото со кумановски таблички.

МВР изврши увид во несреќата поради што автопатот беше затворен за сообраќај до раните утрински часови.