Едно лице загина, неколкумина повредени - тешка сообраќајка синоќа во Радишани

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на скопската обиколница на клучката за Радишани.

Според порталот, во несреќата има една жртва, а повеќемина се повредени.

Во сообраќајката учествувале два патнички автомобила, а според информациите, едно лице починало на самото место, додека повеќе лица се пренесени во болница со повреди.

Повеќе информации од Министерството за внатрешни работи се очекуваат за денешниот ден.