Едно лице тешко повредено во Скопје – 11 сообраќајки за 24 часа

Вкупно 11 сообраќајни незгоди се случиле во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една од нив, потешко било повредено едно лице, во четири со полесни повреди се здобиле пет лица, а шест сообраќајки поминале само со материјална штета.

Како што информира МВР, вчера полицијата открила и санкционирала пет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 11 возачи биле исклучени од сообраќај поради управување на возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и 13 лица кои го управувале возилото со истечена сообраќајна дозвола. Санкционирани биле и четворица возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престројување и четири пешаци кои поминале вон пешачки премин. Биле затекнати и 51 непрописно паркирано возило.

Од МВР информираат и дека со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 57 возила.