Едно лице е убиено во пукањето во Капиштец

Утрово во пукање во скопски Капиштец е убиено едно лице.

Н.А. (46) од с.Арачиново е застрелан утрово во казино лоцирано на булевар „М.Т.Гологанов“ од страна на лице со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. им подлегнал на повредите.

Како што соопшти МВР, иницидентот е пријавен во 08.05 часот во СВР Скопје.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.