Едно лице е хоспитализирано по пожарот во „Буши“

Едно лице е хоспитализирано во „8ми септември“ повредено во пожарот кој попладневно избувнал во хотелот „Буши“, вели за ТВ24 директорот на „8ми септември“ Христијан Костов.

„Едно лице е донесено со тегоби во дишењето во моментов е стабилно, превземени се сите мерки и се чекаат наодите од испитувањата.“- изјави Костов.

Покрај ова лице, уште неколкумина се поќалиле на вдишување на чад, при што на самото место интервенирала Брзата помош.