Едно кругче 5 динари: Вртелешка со велосипеди во Градски парк (фото)

Вртелешка со велосипеди, некогашна скопска атракција на која многу генерации се радувале се наоѓала во Градски парк.

-Ова беше одлична забава за нас во тоа време. Се сеќавам заедно со мојот  брат се вртевме на овој реквзит, а подоле од него имаше чамци. Потоа си купувавме сладолед убави времиња, се присеќава еден скопјанец.

-Се сеќавам 5 динари плаќавме и се возевем 10 минути во тоа време овие вртелешки беа единствената разонода за децата кои одеа во парк, вели една скопјанка.