Едниот во каменолом, другиот на објект во изградба: Два одделни случаи на повредени работници во Скопје

Вчера попладне биле пријавени два одделни случаи на повредени работници додека извршувале работни задачи во Скопје, односно скопско.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 14:15 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен И.Б.(39) од Батинци, кој, според пријавеното, се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во каменолом во скопско.

Исто така, во 14:20 часот во СВР Скопје, од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен О.Е.(19) од скопското село Света петка, кој, според пријавеното, се здобил со повредите при извршување работни задачи за градежна фирма на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје.

Известен бил трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.