Едниот имал дрога кај себе, другиот во домот - уапсени двајца струмичани

Вчера во 17:00 часот во струмичкото село Банско, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Е.Н.(21) и Џ.М.(29), двајцата од село Банско.

Од МВР информираат дека при претрес на домот на Е.Н., извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со марихуана и стебло од растението канабис, додека при преглед на Џ.М., кој бил затекнат во домот на Е.Н., била пронајдена марихуана.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, посочија оттаму.